ноември 23, 2024

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтер ја погоди Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Јапонија.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека епицентарот бил во близина на јужниот брег на островот Хокаидо, на длабочина од околу 10 километри под океанското дно, пренесува ТАСС.

Нема информации за жртви или материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами.

Read Previous

Ковачевски на средба со Папата Франциск

Read Next

Пановски: Никој во Европа не умрел од мајмунски сипаници