Десетина автобуси со украински војници синоќа ја напуштиле фабриката за челик Азовстал во Мариупол, јавува Ројтерс. Не било можно да се утврди колку војници имало во автобуситe, наведува агенцијата. Се проценува дека во фабриката за челик остануваат околу 600 војници.
Според Ројтерс, повикувајќи се на извештаи на сведоци, украинските војници од фабриката за челик пристигнале во градот Новоазовск во Доњецк, кој е под руска контрола.
Претходно Русија соопшти дека ќе ги евакуира ранетите украински војници преку хуманитарни коридори во медицинска установа во градот, кој се наоѓа на околу 45 километри источно од Мариупол.