ноември 23, 2024

Германскиот канцелар не го гледа крајот на војната во Украина во блиска иднина

Германскиот канцелар Олаф Шолц не го гледа крајот на војната во Украина во блиска иднина. Тој предупреди на можна понатамошна ескалација, јави ДПА.

Според Шолц, засега нема знаци дека луѓето сфатиле колку е важно крајот на конфликтот да биде „што е можно поскоро“. Тој стравува и од „ескалација на војната“.

„Потребно е да бидеме способни да донесуваме разумни, многу добро информирани и исто така, многу храбри решенија – што и го правиме тоа“, појасни Шолц.

Тој повторно подвлече оти нема да донесе одлука, што би довела до директен конфликт меѓу НАТО и Русија.

Read Previous

Села: Се копаат криптовалути во училишта раководени од ДУИ

Read Next

ЕУ стравува: Ако Скопје и Софија не го решат спорот до јуни, тогаш ќе има длабока криза во регионот