септември 22, 2024

Села: Се копаат криптовалути во училишта раководени од ДУИ

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 обвини за „копање“ криптовалути во училишни објекти.

„Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите“, посочи тој.

Села додава дека кога ќе има повеќе и конкретни информации и имиња ќе излезе јавно на прес конференција.

Read Previous

Чудни верувања за кои не учеа постарите: Зошто не смееме да подаруваме запалка или да пееме додека ручаме?

Read Next

Германскиот канцелар не го гледа крајот на војната во Украина во блиска иднина