ноември 22, 2024

За само еден ден казни за 149 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (12.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 149 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Read Previous

УНХЦР: 6 милиони украински бегалци од руската инвазија досега

Read Next

Во првите четири месеци од оваа година извозот од ТИРЗ изнесува 1,1 милијарда евра!