ноември 22, 2024

Неговиот хит го пееме веќе 18 години – како изгледа денеска грчкиот пејач Сакис Рувас?

Грчкиот пејач Сакис Рувас ја „запали“ Европа со песната „Shake It“, со која ја претставуваше својата земја на Евровизија во 2004 година во Истанбул.

Тогаш победата ја однесе претставничката на Украина – Руслана со песната „Wild Dances”, а Сакис заврши на третото место, но неговиот заразен хит на многумина не им излегува од уши и по 18 години.

Тој ја претставуваше својата земја и на Евровизија во Москва во 2009 година со песната „This is our night“, но тогаш не успеа да го повтори претходниот успех. Сепак, неговиот изглед привлече големо внимание и двата пати, и изненадувачки е колку малку тој се промени со текот на годините.

Денес, 50-годишниот Сакис сè уште може да се пофали со извајано тело, кое сака да го покажува на Инстаграм, каде го следат повеќе од 900.000 луѓе, а со својот елегантен стил ги соборува жените од нивните нозе.

Еден поглед на неговите социјални мрежи открива и како пејачот ужива во сурфање, медитација, јога и здрава исхрана, што секако придонесува за неговата младост.

Поради изгледот и стилот на облекување на Сакис, гласините дека е геј се шират од почетокот на неговата кариера, а не престанаа ниту откако во 2017 година се ожени со манекенката Катија Зигули, со која има четири деца. Сакис никогаш не сакаше да ја коментира гласината, но јавно ја поддржува ЛГБТ заедницата.

Read Previous

Трајанов: Не можам сам да ја срушам Владата, но ако се блокира процесот за една изборна единица, има пратеници кои можат!

Read Next

УНХЦР: 6 милиони украински бегалци од руската инвазија досега