Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека се залага за регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ и оцени дека Косово најмногу ќе има корист од учеството во неа, пренесува Клан Косова.
Косово и Црна Гора одбија да учествуваат на „Отворениот Балкан“, а Абазовиќ во интервју за Клан Косова рече дека „Отворениот Балкан“ е дизајниран да вклучи шест земји од Западен Балкан.
„’Отворениот Балкан’ е направен за шест земји, не е направен за пет и пол или три и пол земји, туку за шест. Секој кој учествува се претставува себеси и својата земја. Мое мислење, можеби грешам, е дека најголем интерес во регионот е Косово да биде во секоја регионална иницијатива“, рече Абазовиќ, пренесува Косово онлајн.
Абазовиќ рече и дека тврдењата дека „Отворен Балкан“ е иницијатива на Александар Вучиќ за создавање на „Голема Србија“ немаат смисла, со оглед на тоа што во тој проект учествува и Албанија.
„Најважно е да се зголеми довербата меѓу земјите во регионот, а за тоа да се случи мора да има комуникација, а тоа се случува само два пати годишно – во Берлин и Виена каде што се сретнавме со премиерите во јуни минатата година, каде што се разговара и пие кафе и веќе никој не комуницира со никого.Мислам дека тоа е погрешен начин. Не знам кој сака да чека на граница,не зборувам само за туристи од Косово во Црна Гора, туку и за црногорските граѓани кои сакаат да одат во Србија или каде било во регионот“, рече Абазовиќ.
Абазовиќ рече и дека САД и Европската унија ја гледаат неговата влада како спас за да се запре негативното влијание на Балканот.
Тој истакна дека е презадоволен од поддршката што доаѓа од различни меѓународни структури и дека е позитивно изненаден од тоа.
На тој начин тие го видоа како спас во новата влада и нивната поддршка секако мора добро да се искористи“, рече тој.
Тој подвлече дека ентузијазмот што постои во моментов само ќе се зголеми доколку се донесат некои одлуки кои претходната влада не успеала да ги донесе.