ноември 22, 2024

Араухо надвор од животна опасност, ја минал ноќта во болница поради потрес на мозокот

Стоперот на Барселона Роналд Араухо, синоќа предизвика страв и паника кај присутните на „Ноу Камп“ откако се сруши во бесознание по ударот со глава со Гави.

Араухо со болничко возило веднаш беше пренесен во болница, а таму е констатирано дека фудбалерот имал потрес на мозокот и ја минал ноќта во болница.

Чави вчера потврди дека Араухо ќе треба да мине во болница, но дека е надвод од животна опасност.

„Бевме исплашени. Докторите ни рекоа дека е стабилно и е надвор од животна опасност. Но, мораше да ја мине ноќта во болница. Се надеваме дека набрзо ќе се врати дома“, рече Чави.

Read Previous

Новиот премиер на Црна Гора, Абазовиќ: Се залагам за Отворен Балкан

Read Next

Европските нарачки за руски гас преку украинска Сохрановка паднаа на нула!