ноември 22, 2024

ЛДП: Не е време за предвремени избори, да се одблокира работата на Собранието

Предвремените парламентарни избори во овој момент не се решение за излез од актуелните проблеми, а иницијативите на опозициските партии се поттикнати единствено од партиските интереси и желбата за освојување на власта, е заклучокот на Либерално-демократската партија по синоќешниот состанок на Извршниот одбор.

– Сега е неопходно целата енергија на политичарите да се насочи кон решавање на проблемите на граѓаните кои се предизвикани од економската и енергетската криза во Европа, велат од партијата.

Според ЛДП Владата има доволно капацитет и стручност да се справи со предизвиците и да одговори на потребите на граѓаните.

– Затоа бараме да се нормализира работата на Собранието, кое во овие моменти на криза треба да работи исклучиво во интерес на народот, а не за теснопартиските интереси на поединци или групации, додаваат од ЛДП.

Партијата ја поздравува и историската одлука на Вселенската Патријаршија за признавање на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

– Голема благодарност до Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј за праведната одлука, со која исправи една голема неправда која и беше нанесена на македонскиот народ и неговото право да има своја црква, велат од ЛДП.

Read Previous

Бугарија наместо руски, ќе добива американски гас, по поевтина цена

Read Next

Новиот премиер на Црна Гора, Абазовиќ: Се залагам за Отворен Балкан