ноември 22, 2024

Ковачевски: Нашиот долг кон идните генерации е да го негуваме и шириме македонскиот јазик

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, преку социјалните мрежи се обрати по повод Денот на македонскиот јазик, 5-ти мај. Како што вели тој имаме одговорност кон идните генерации и мора да го чуваме јазикот.

-Денеска им оддаваме почит на сите оние кои го создавале писмениот, литературен, стандарден македонски јазик.

Нашиот долг кон идните генерации е да го негуваме и да го шириме. Македонскиот јазик е во сржта на македонскиот идентитет и посебност и како таков ќе го штитиме и чуваме, порача Ковачевски.

Read Previous

Гутереш: Кризата за храна не може да се реши без украинското и руското производство

Read Next

МАГИЧНИТЕ БРОЕВИ 5:5 ЌЕ ВИ ДОНЕСАТ ДЕНЕС СРЕЌА: Едно е најважно, не пропуштајте да го направите