ноември 22, 2024

Гутереш: Кризата за храна не може да се реши без украинското и руското производство

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави денеска во Нигерија дека проблемот со глобалната безбедност на храната не може да се реши без обновување на украинското земјоделско производство и руското производство на храна и ѓубрива за светскиот пазар.

Според него, руската инвазија на Украина во февруари ја зголеми нестабилноста на финансиските пазари со зголемување на цените на суровините и влијание врз логистиката, со потенцијално нарушување на економското закрепнување од ефектите на пандемијата на Ковид во многу земји, пренесува Ројтерс.

„Нашата анализа покажува дека војната во Украина само ја влошува ситуацијата и предизвикува тродимензионална криза која ги уништува глобалните прехранбени, енергетски и финансиски системи на земјите во развој“, изјави Гутереш.

Тој додава дека „нема вистинско решение за проблемот со глобалната безбедност на храната без враќање на земјоделското производство на Украина и производството на храна и ѓубрива од Русија и Белорусија на светскиот пазар“.

Гутереш истакна дека е решен да го забрза дијалогот за да помогне во остварувањето на тие цели.

Read Previous

Пендаровски: Јазикот е нашиот идентитетски темел, не смееме да ја заборавиме борбата на нашите предци

Read Next

Ковачевски: Нашиот долг кон идните генерации е да го негуваме и шириме македонскиот јазик