ноември 22, 2024

Фајзер годинава од антиковид вакцините ќе заработи 32 милијарди долари

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ денеска ги потврди проценките за годишниот приход од вакцините и таблетите против Ковид-19, за првпат откако се пуштени во продажба.

Компанијата соопшти дека оваа година очекува 22 милијарди долари од продажбата на антивирусните апчиња Paxlovid. Тие досега истакнуваа дека оваа проценка се базира само на дел од нивниот производствен капацитет.

Приходите од вакцините развиени во соработка со германската BioNTech се очекува да бидат 32 милијарди долари, според досегашната прогноза.

Тие малку ја намалија својата прогноза за овогодинешната приспособена заработка, од 6,35 на 6,55 долари, односно на 6,25 до 6,45 долари по акција, поради трошоците за стекнување и клучните плаќања.

Извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, ја истакна зголемената побарувачка за Paxlovid во САД.

Read Previous

СДСМ: Мицкоски се загуби, наместо да се извини за криминалите на Груевски, тој се мачи да го оправда

Read Next

Бајден: Продолжуваме со испораката на оружје за Украина