Наместо да се извини и огради од 11 годишните злодела на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, изгубениот Христијан Мицкоски се уште се труди да го одбрани криминалот на својот ментор.
Бројни судски пресуди како што се предметите Титаник, Тенк, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно каде се изречени правосилни затворски казни за голем број високи функционери на партијата, како и за Никола Груевски, се потврда на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Скопје 2014“ е барокна пералница на речиси една милијарда евра народни пари и нема бегање од одговорноста за сторен криминал.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште се обидуваат да го рехабилитираат Груевски, односно ставајќи се во одбрана на криминалот, наместо да застант зад интересите на граѓаните.