ноември 22, 2024

Скок од 33 места на најновиот индекс на слободата на медиумите, но се уште сме во група на проблематични земји

Во најновиот Светски индекс на слободата на печатот во светот, објавен денеска од Репортери без граници Северна Македонија се најде на 57 место, односно во групата на проблематични земји. Сепак, тоа значи напредок од 33 место во однос на Светскиот индекс во 2021 година кога С. Македонија беше на 90 место. Во групата „Проблематични“ се и Ерменија (51), Романија (56), Косово (61), Црна Гора (63), Босна и Херцеговина (67), Киргистан (72), Србија (79), Унгарија (85), Грузија (89), Бугарија (91), Украина (106). Дваесеттиот светски индекс за слободата на печатот објавен од Репортери без граници открива двојно зголемување на поларизацијата засилена со информацискиот хаос – односно, поларизацијата на медиумите ги поттикнува поделбите внатре во земјите, како меѓу земјите на меѓународно ниво.

Read Previous

Андреа Пирло се враќа на клупата во Серија А

Read Next

ВИДЕО: Опседната куќа со 2.000 врати и 10.000 прозорци привлекува туристи