Русија организираше неуспешни обиди да ги нападне градовите Рубижне и Сиевиеродонецк во источниот украински регион Луганск, соопшти украинскиот Генералштаб на вооружените сили.
Како што јави германската новинска агенција ДПА, во соопштението на украинскиот ГШ на вооружените сили се наведува дека во локалната болница во Новоаидар хоспитализирани се 130 повредени непријателски војници.
Според украинските власти руските сили напаѓаат и во близина на малиот град Изум во регионот Харков, а тешки борби се водат и за Маринка, Попасна, Торске, Зелена Долина и Кремина. Проруските сепаратисти вчера соопштија дека ја презеле контролата над Кремина, но тоа не сè уште не е потврдено од независни извори.