Премиерот на Унгарија Виктор Орбан на Фејсбук објави дека утре ќе го посети Ватикан и ќе има средба со папата Франциск.
Лидерот на владејачката партија Фидес на 3 април четвртипат беше избран за премиер. Тоа ќе биде прва посета на Орбан по реизборот.
Првите посети по трите изборни победи на Орбан беа на Полска, но сега Варшава и Будимпешта имаат различни ставови за руската инвазија врз Украина. Полска ја поддржува Украина, а Унгарија има понеутрален став.
Папата Франциско за време на неговата посета на Унгарија во септември минатата година се сретна со Орбан. Унгарските медиуми и политичарите кои го поддржуваат Орбан го нарекоа папата антихристијанин поради неговата поддршка за бегалците. Орбан, кој е калвинист, тврди дека е бранител на „христијанска Европа“ од имигрантите.