ноември 22, 2024

Приведен скопјанец по распишана потерница за издржување затворска казна

Припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода скопјанецот Р.Б. (24) поради сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работа на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот закон.

Како што соопшти полицијата, Р.Б. бил приведен во текот на вчерашниот ден на булевар „Никола Карев“ во Скопје. Осомничениот бил баран по централна потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор од една година и бил спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната, се додава во соопштението.

Read Previous

Влада: Сите буџетски корисници да ја унапредат транспарентноста во јавните набавки

Read Next

Турција: Најмалку еден загинат и осуммина повредени во експлозија на автобус кој превезувал затворски чувари