ноември 22, 2024

Ослободени 76 Украинци во размена на затвореници со Русија

Во новата размена на затвореници со Русија, ослободени се 76 Украинци, објави денеска Киев, не прецизирајќи го бројот на Русите што и ги предал на Москва.

„Разменивме 60 војници, од кои 10 офицери. Шеснаесет цивили исто така се вратија дома“, објави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на Телеграм.

Ова е петта размена на затвореници од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Во петокот, на 15 април, беа разменети затвореници во јужниот регион Херсон.

Ден претходно, 30 Украинци беа ослободени, а уште 26 претходно истиот месец.

На 1 април 86 украински војници беа разменети за руски затвореници.

Украинските безбедносни сили во понеделникот објавија видео од бизнисменот Виктор Медведчук, близок до рускиот претседател Владимир Путин, барајќи тој да биде разменет за војници и цивили од опколениот град Мариупол.

Read Previous

СОНК ќе ги разгледа заклучоците на Владата и ќе се произнесе по нив, дотогаш штрајкот продолжува

Read Next

Ковачевски: Антифашистичката определба е дел од нашиот национален идентитет