ноември 23, 2024

СОНК ќе ги разгледа заклучоците на Владата и ќе се произнесе по нив, дотогаш штрајкот продолжува

-Советот на СОНК во текот на денешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува, напиша на Фејсбук претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Владината прес-служба вчера соопшти дека Владата на седница ги задолжила министерствата за образование и наука, зa труд и социјална политика и за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за зголемување на платите на вработените во образованието и градинките за 10 проценти. Притоа повикаа СОНК да го прифати ова покачување и, како што посочија, во интерес на децата да продолжи образовниот и згрижувачкиот процес.

Read Previous

Францускиот премиер Кастекс најави оставка во случај да победи Макрон

Read Next

Ослободени 76 Украинци во размена на затвореници со Русија