септември 22, 2024

Шолц: Германската Влада работи со индустријата за испорака на оружје за Украина

Германија ќе продолжи воено и финансиски да ја поддржува Украина иако практично до максимум го испорача оружјето од сопствените резерви и сега работи со индустријата за вооружување, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесуваат британските медиуми.
-Производителите на воена опрема изјавија дека можат брзо да го испорачаат и дека на Украина и е потребно противтенковско и противвоздушно одбранбено оружје, рече Шолц на прес-конференција по учеството на средбата со западните сојузници.

„Ќе ги обезбедиме потребните средства за купување“, рече Шолц. „Целта е да се зајакне украинската војска за да може да го потисне рускиот напад“.

Запрашан дали Германија ќе и испорача на Украина тенковите од високата класа „Леопард“, Шолц кажа дека Берлин, како и неговите западни сојузници, заклучиле дека најлогично е на Украинците да им испорачаат оружје што веќе знааат да го користат.

-Сојузниците ги координираа испораките, рече тој.

Read Previous

Руските воздухопловни сили уништиле два ракетни силоси „Точка-У“ во Украина

Read Next

Укинати одлуките за задолжителни сертификати, потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата