мај 6, 2024

Вратете ја зимската облека, во среда и четврток минусни температури, но за Велигден ќе биде топло

Минусни температури во среда и четврток, а потопло и променливо време за велгденските празници, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури во среда ќе се спуштат до минус три, а во четврток до минус еден степен. Од петок ќе има затоплување и позитивни утрински температури, а дневните ќе се движат од 18 до 26 степени.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

За време на викендот претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи.

Најтопло ќе биде в недела, со минимални температури од 5 до 10 степени и максималните ќе достигнат до 26 степени.

Read Previous

Еврејска заедница: Бугарскиот центар „Ванчо Михајлов“ е навреда за Евреите и искривување на историјата

Read Next

Вучиќ: Србија е најдобар пријател на Македонија, секогаш им помагаме, а ништо не им бараме