ноември 22, 2024

Индепендент: Британски компании и покрај санкциите сè уште имаат милионски договори со Русија

Неколку стотици милиони фунти на британските даночни обврзници се во рацете на компании што продолжуваат со работа во Русија, пишува британскиот весник Индипендент.

Некои од овие милионски договори со руски компании биле потпишани и за време на веќе започнатата војна во Украина, односно од 24 февруари па наваму.

Велика Британија има тековни договори во вредност од околу 300 милиони фунти со 15 мултинационални компании што продолжуваат да работат со Русија, покажува анализата на Индипендент.

Од министрите било побарано да ги прекинат врските со овие компании и да ги раскинат договорите.

Повеќе од 600 компании се повлекле од Русија од почетокот на војната, но 214 го задржале своето економско присуство во земјата, покажа истражувањето на Универзитетот Јеил.

Џек Лоу, соработник на програмата „Русија и Евроазија“ во Чатм хаус, цититран од Индипендент, вели дека „овие компании ефикасно ги убиваат ефектите од санкциите и го поткопуваат обединетиот одговор на Западот на војната“.

Украинската пратеничка Лесија Василенко предупредува дека „овие 15 компании, што сè уште работат во Русија и добиваат британски пари, индиректно ја финансираат воената машина на Владимир Путин“.

Станува збор за компаниите, регистрирани во Велика Британија: „Amgen“, „Bureau Veritas“, „Cipla“, „Cloudfare“, „EDF“, „Engie“, „Gideon Richter“, „HiPP“, „Legrand“, „Lenovo“, „Orano“, „Pilkington“, „Signify“, „ThyssenKrupp“, „Veolia“.

Некои од овие компании дури потпишаа договори за време на војната. На пример, Министерството за одбрана на 23 март додели договор за британската филијала на францускиот снабдувач со гас и електрична енергија ЕДФ во вредност од околу осум милиони фунти.

Read Previous

Со овој трик сигурно нема да ви пукне јајце за Велигден

Read Next

Кипар ги укинува сертификатите за влез во продавници, но за влез во земјата остануваат