А.Ѓ.(28) , првоосомничениот за кривичното дело убиство на Денис Тот ноќеска (13.04.2022) околу 02 часот е спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, одредена од надлежниот суд. Тој беше баран по потерница односно Наредба – XL КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ.
По преземени интезнивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 01.20 часот се предало на полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачје на нас. Аеродром.
За Ѓорѓиевски вчера беше распиша меѓународна потерница.
На снимките од безбедносните камери, пред дискотеката „привилиџ“ во градскиот парк, минатата недела се гледа дека дека тој го удира, по што ракометарот падна на асфалтот и се здобил со смртоносни повреди , при што тој почина на КАРИЛ.