Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијаклов се огласи преку социјалните мрежи откако Стејт Департментот објави дека заедно со Никогла Груевски се ставени на црната листа на САД.
Жалам за денешната одлука на Стејт Департментот и сметам дека таа не е исправна.
Одлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани.
Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија.
Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана.