ноември 23, 2024

Твитер го блокираше пристапот до содржината на сметката на Путин

Социјалната платформа Твитер го ограничи пристапот до содржината на профилот на рускиот претседател Владимир Путин, објави Гардијан. Ограничен е и пристапот до уште 300 сметки на руски претставници.

Твитер најави нови мерки против профилите на руската влада за да се намали ширењето на руската официјална пропаганда на социјалните мрежи, пренесе АФП. Официјалните сметки повеќе нема да им се „препорачуваат“ на корисниците на Твитер во која било категорија на страницата или апликацијата, вклучително и пребарувањето.

Компанијата со седиште во Калифорнија веќе ги блокира сметките на руските медиуми РТ и Спутник во ЕУ. Москва одговори со ограничување на пристапот до Твитер во Русија.

„Нема да го олесниме ширењето на пораки од официјалните сметки на земјите кои го блокираат слободниот пристап до информации и се вклучени во вооружени меѓудржавни конфликти, без разлика дали Twitter е блокиран во таа земја или не“, соопшти компанијата. „Кога владата го блокира или ограничува пристапот до дигиталните услуги, но продолжува да ги користи тие услуги за сопствена комуникација, тоа создава сериозен дисбаланс“, додава социјалната мрежа.

Read Previous

Рекорден број новозаразени со ковид во Кина од почетокот на пандемијата

Read Next

Процесот меѓу Скопје и Софија на ниво на размена на идеи, очекувања за конкретни резултати наскоро