ноември 22, 2024

САД со нови 100 милиони долари помош за Украина

СAД најавија дека ќе деблокираат дополнителни сто милиони долари помош за Украина како поддршка на Киев во спротивставувањето на руската инвазија.

На Украина „итно и требаат повеќе противтенковски системи ’Javelin’ какви САД ги доставија на Украина и кои успешно се користат во одбраната на земјата“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

„Светот беше шокиран и згрозен од злосторствата извршени од припадниците на руските сили во Буча и низ цела Украина“, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Десетици тела беа откриени во украинскиот град Буча по повлекувањето на руските војници.

„САД и нашите сојузници и партнери силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, додаде тој.

Шефот на американската дипломатија потврди дека од почетокот на руската инвазија на 24 февруари досега на Украина и се доделени вкупно 1,7 милијарди долари американска помош.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е делегитимирана, имаме двојно поголема поддршка од граѓаните

Read Next

Илон Маск поседува 9,2 отсто од акциите на „Твитер“