ноември 22, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е делегитимирана, имаме двојно поголема поддршка од граѓаните

Не само анкетите, туку и секојдневното незадоволство на граѓаните од лошите политики на оваа власт, покажуваат дека во Македонија мора да се случат промени, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта на СДСМ и ДУИ е делегитимирана и се одржува вештачки на апарати, но штетните последици од нивното владеење се се поголеми. Инфлацијата од почетокот на годината е околу 7%, што е далеку поголема од зголемувањето на платите и пензиите. Над 35% од граѓаните живеат во ризик од сиромаштија, а растот на економијата ни е најнизок во споредба со сите земји од регионот.

Затоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ е двојно поголема на анкетите во споредба со поддршката за СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 18,2%, а СДСМ од 9,5% и оваа разлика уште повеќе ќе расте, бидејќи народот гледа дека има работа со криминогена и неспособна власт која наместо за граѓаните, работи за свое лично богатење, велат од оваа партија.

Read Previous

Османи во Брисел, состанок на НАТО поради руската инвазија врз Украина

Read Next

САД со нови 100 милиони долари помош за Украина