Рамазан, периодот во којшто муслиманските верници постат од изгрејсонце до зајдисонце, почна на 2 април. Што значи ова за луѓето кои имаат дијабетес и коишто треба да го задржат шеќерот во крвта под контрола?
Дијабетесот е доживотна здравствена состојба која предизвикува високи нивоа шеќер во крвта. Постојат два главни вида дијабетес – тип 1 и тип 2. Кај дијабетес тип 1, имунолошкиот систем на телото ги напаѓа клетките што произведуваат инсулин, а кај дијабетесот тип 2, телото самостојно не произведува доволно инсулин, што предизвикува клетките да не реагираат правилно на инсулинот.
Муслиманите со хронични болести како што е дијабетесот се ослободени од обврската за рамазанскиот пост, иако многумина, сепак, сакаат да учествуваат во постот.
Оние со дијабетес тип 2 може да постат, но треба да бидат особено внимателни во конкретни случаи.
На сите дијабетичари им се советува да разговараат со својот лекар пред да почнат да постат, да си ја проценат општата здравствена состојба, постојната терапија, опасностите од постот и со тоа да си помогнат во креирањето на планот за исхрана. Задолжително е и редовно мерење на нивото шеќер во крвта.
Се препорачува овој преглед да се направи еден до два месеци пред Рамазан. И постарите лица и трудниците со дијабетес, исто така, се изложени на ризик.