ноември 22, 2024

СДСМ: Ниту една лажна анкета не може да го покрие неработењето на ВМРО-ДПМНЕ

Ниту една лажна партиска анкета не може да ги покрие неработењето и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ откако од опозициската партија брифираат за анкета на ИПСОС во кој имаат речиси двојна предност.

Социјалдемократите сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ на овој начин сака да го тргне фокусот од градоначалниците кои, според нив, работат катастрофално, како и судските пресуди против членови на поранешното партиско раководство.

„Последната анкета е само неуспешен обид да се дефокусира јавноста од реалноста, а таа е катастрофалната работа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ односно неработа. Ниедна нарачана анкета од ВМРО-ДПМНЕ не може да ги покрие скандалите во кои е вмешан Мицкоски ниту, пак, срамот од многубројните судски случаи, од ’Плацови на Водно‘, па сè до ’Титаник‘ против членови на партиското раководството на најкриминалната партија во Европа“, велат од СДСМ.

Read Previous

Совети за луѓето со дијабетес кои сакаат да постат за Рамазан

Read Next

За Русија и Сребреница била изрежирана продукција