Лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски е политичар со најголема доверба од 9 отсто, покажува теренската анкета на ИПСОС на Владимир Божиновски.
Веднаш, после него, на второ место со 6% е претседателот на државата, Стево Пендаровски, додека пак новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски има рејтинг од 4 отсто“, се наведува понатаму во анкетата.
Со рејтинг од 3 отсто се лидерот на Левица, Димитар Апасиев и Али Ахмети, додека пак последното место од 2 отсто го делат Зијадин Села и Зоран Заев.