мај 18, 2024

Постигнат напредок во преговорите, Цар Самоил е завршена работа!

Постигнат е напредок и прогрес во разговорите и работата на мешовитата историска комисија. Оваа информација ја споделија историчарите од Бугарија пред денешниот состанок, објави Сител.

За кои точно историски личности станува збор и каде е точно напредокот официјално ќе споделат денес по завршувањето на средбата. Она што е сигурно и извесно е дека темата Цар Самоил е завршена, договорено е негово заедничко чествување, додека пак темата за Гоце Делчев се уште не е на дневен ред и за неа ќе се расправа само доколку се најде време на денешниот ден од состанокот.

Read Previous

Скок од пет позиции: Македонската репрезентација се искачи на 62. место на ранг листата на ФИФА

Read Next

Бектеши: До 15 април е осигурено снабдувањето со природен гас