Магазин за нафта гори во рускиот град Белгород, кој се наоѓа на 30-тина километри од украинската граница, или 60-тина километри од украинскиот град Харков, кој е еден од градовите каде се водат најжестоките битки помеѓу украинските и руските сили. Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков ја обвинува украинската армија дека извршила воздушен напад со помош на два хеликоптери.
Тој претходно изјави дека двајца се повредени, но не се во животна опасност. Жителите од околните улици се евакуирани додека пожарникарите се справуваат со пожарот, рече тој.