ноември 22, 2024

Реакција на бугарското МНР за пописот: Над 100.000 лица лично поднеле документи со кои докажаа бугарско потекло

Министерството за надворешни работи на Бугарија е изненадено од бројката на лица кои се изјасниле како Бугари на пописот во земјава. Од таму велат дека со резерва ги земаат презентираните резултати, како и сомневањата за кредибилитетот и транспарентноста на процесот што ги истакнаа организациите на Бугарите во Македонија.

„Забележуваме драстична неусогласеност меѓу презентираните податоци и бројката од над 100.000 граѓани на Северна Македонија кои лично поднеле документи со кои се докажува бугарското потекло и самосвеста за добивање на бугарско државјанство. Ги имаме во предвид и сомнежите за транспарентноста и кредибилитетот на процесот што ги истакнаа организациите на Бугарите во Северна Македонија, како за време на пописот, така и при објавувањето на резултатите. Очекуваме нивниот глас да допре до македонските власти“, соопшти бугарското МНР.

„Бугарија во повеќе наврати го истакна огромното значење на услови за слободна самоидентификација на лицата со бугарска самосвест во Република Северна Македонија и гарантирање на нивните права“, се додава во соопштението на бугарското МНР.

Државниот завод за статистика оваа недела ги објави првичните резултати од спроведениот Попис во земјава од 5 до 30 септември на кој како Бугари се изјасниле 3504 граѓани.

Read Previous

Гори складиште за нафта во рускиот град Белгород, Русите тврдат: Украинците не нападнаа со хеликоптери

Read Next

Неделков: Ако до 11-ти април не се смени ништо, одиме на генерален штрајк, министерот Шаќири вели тоа не е решение