ноември 22, 2024

Османи утре во посета на Норвешка

Шефот на дипломатијата Бујар Османи утре ќе престојува во посета на Осло, на покана на норвешката министерка за надворешни работи Аникен Хјуитфелд.

Како што соопшти МНР, за време на посетата, Османи ќе се сретне и со претседателката на Комисијата за надворешна политика и одбрана во норвешкиот Парламент, Ине Ериксен Сораиде, а ќе учество и на промоција на трговската комора меѓу Северна Македонија и Норвешка.

– Целта на посетата е унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка, развојот на бизнис секторот и разгледување на можностите за инвестиции од оваа скандинавска земја. Во рамките на состаноците се очекува да се разменат мислења и за севкупната безбедносна состојба на европскиот континент во контекст на актуелниот геополитички моментум, со фокус на сојузништвото во НАТО и соработката на двете земји во Алијансата, се наведува во соопштението. Во рамките на посетата, Османи ќе се сретне и со претставници на нашата дијаспора во Норвешка, додаваат од МНР.

Read Previous

Гутереш: Светот се соочува со најголем број насилни конфликти од крајот на Втората светска војна

Read Next

Маж украл патнички авион во Италија, го пресретнал француски ловец