ноември 22, 2024

Гутереш: Светот се соочува со најголем број насилни конфликти од крајот на Втората светска војна

Една четвртина од светското населеЍ ие, две милијарди луѓе, живее на подрачје каде има конфликт. Светот се соочува со најголем број насилни конфликти од крајот на Втората светска војна во 1945 година, предупреди генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Тој ги наведе конфликтите во Јемен, во Сирија, во Мјанмар, во Судан, во Хаити, како и војната во Украина.

– Минатата година, 84 милиони лица биле принудени да ги напуштат своите домови поради конфликти, насилство, како и кршење на човечките права, изјави Гутереш на вчерашниот состанок на Комисијата на ОН за создавање мир. Како што истакна Гутереш, ОН проценуваат дека годинава за најмалку 274 милиони луѓе ќе биде неопходна хуманитарна помош. Тоа претставува зголемување од 17 отсто во однос на 2021 година.

Read Previous

Зеленски од Австралија побара нови санкции за Русија

Read Next

Османи утре во посета на Норвешка