мај 18, 2024

Јутјубер нуди по 15 милиони долари за Смит и за Роко за боксерски меч

Јутјуберот Џејк Пол понуди да организира боксерски меч меѓу Вил Смит и Крис Роко, откако добитникот на Оскар му удри шлаканица на комичарот за време на доделувањето на наградите.

Смит му удри шлаканица на Роко, откако тој се пошегува на сметка на неговата сопруга.

Популарниот Џејк Пол, професионален боксер, брзо реагираше на социјалните мрежи.

Тој на Твитер напиша дека има 15 милиони долари за Вил Смит и уште толку за Крис Роко, а за датум за боксерскиот меч, го предложи месецот август.

Read Previous

Пендаровски до фудбалерите: Ве чекаме дома како победници, зашто победивте во идејата да се претставите најдобро

Read Next

Хоророт „Морбиус“ со Џеред Лето во кината оваа седмица