ноември 22, 2024

СДСМ: Две години од членството во НАТО, а од Мицкоски молк за овој голем успех

Државата веќе две години е полноправна членка на НАТО, безбедна, сигурна и силна, а исто толку време Христијан Мицкоски молчи за овој успех, молчи за остварувањето на една од националните стратешки цели, велат од СДСМ.

Како што велат од оваа партија, Мицкоски не смогна сили ниту да аплаудира во Собранието при ратификацијата на членството во НАТО, а времето покажа дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ да ги блокира одлуките во Собранието, Референдумот и Договорот од Преспа беа погрешни и на штета на државата.

-За жал, воената агресија врз Украина, покажа колку е важно што Република Северна Македонија е членка на НАТО. Благодарение на тој успех, граѓаните можат да бидат спокојни, бидејќи НАТО значи безбедност и сигурност.

СДСМ ја оствари стратешката цел за членство во НАТО и продолжува со реализирање и втората стратешка цел, членство на државата во ЕУ, велат од владејачката партија.

Read Previous

Неверојатен настан во Шпанија: Бебе се роди во недопрена амнионска кеса

Read Next

Ковачевски телефонски разговарал со премиерот на Украина