ноември 22, 2024

Данска работи на целосно искоренување на пушењето кај идните поколенија

Данската Влада работи на „целосно искоренување на навиките за пушење кај идните генерации“, т.е. никој роден 2010 година и потоа да не почне да пуши и да не користи други никотински производи.

„‘Генерацијата без никотин 2010 плус’ ќе биде историска пресвртница во спречување на болестите и смртта“, соопшти Министерството за здравство на Данска.

Според владиниот предлог, како дел од здравствената реформа што во Копенхаген ја откри министерот Магнус Хеунике, одлуката може да вклучи забрана за продажба на тутун и никотински производи на таа генерација. Се работи за предлог за зголемување на старосната граница за продажба на алкохол којшто е долго очекуван и важи за сеопфатен.

Премиерката Мете Фредриксен исто така предложи да се зголеми старосната граница за продажба на алкохол на 18 години. Во мигов во Данска пиво можат да купат луѓе постари од 16 години, а пијалаци со поголем удел на алкохол може да се набават доколку купувачот има 18 години.

Во предлозите Владата посочи дека младите од Данска се на врвот по консумација на алкохол во Европа и оти прекумерното пиење има сериозни последици. За предлозите ќе се расправа во Собранието.  

Read Previous

Утре ден на жалост во Косово поради смртта на Медлин Олбрајт

Read Next

Пендаровски и Ковачевски им ја честитаа на фудбалерите победата над Италија