ноември 24, 2024

Спасовски: Нема селективна борба против корупцијата, сите се еднакви пред законот

Нема селективна борба против корупцијата, сите се еднакви пред законот. Не штитиме никого, ниту од коалицијата, никого воопшто, затоа што така штетиме на државата, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на неговиот фејбук профил.

– Сите институции да ја промениме и борбата и перцепцијата на граѓаните за корупцијата, мораме системски да го менуваме тоа, пишува Спасовски.

Како МВР, истакнува Спасовски, имаме многу подобрувања, откривачката дејност за корупција во 2021 е зголемена за 50 проценти во однос на 2020, за 114 случаи со штета од 97.3 милиони денари.

Read Previous

За брзо возење 342 санкции на територија на цела држава

Read Next

Ковачевски: НАТО сојузниците се обединети за Украина