ноември 24, 2024

За брзо возење 342 санкции на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 342 возачи.

Како што денеска соопштија од МВР, од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 167 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 175 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Read Previous

Столтенберг: Русија направи голема грешка кога ја нападна Украина

Read Next

Спасовски: Нема селективна борба против корупцијата, сите се еднакви пред законот