Прворангирата на ВТА листата Ешли Барти од Австралија на 25-годишна возраст на општо изненадување реши да се пензионира.
Иако се очекуваше Австралијката да доминира во наредните години, тоа нема да се случи. Барти, инаку, е актуелен шампион на „Австралија опен“, а лани го освои „Вимблдон“, односно „Ролан Гарос“ во 2019 година.
– Среќна сум и подготвена да го направам тоа. Знам дека во овој момент во моето срце, за мене како личност, ова е правиот потег – изјави Барти.
Единствениот Грен слем кој Барти не успеа да го освои беше „УС Опен“, каде што нејзиниот максимум беше четвртото коло, во два наврати.
Нејзиниот учинок во кариерата е 305 победи и 102 порази, а заработила вкупно 23.829.071 долари.