October 13, 2026

135 возила се отстранети со „пајак“ во центарот на Скопје! Акциите против непрописното паркирање ќе продолжат

Во текот на минатата недела, 135 непрописно паркирани возила биле отстранети со специјалните возила „пајак“ на територијата на Општина Центар во Скопје.

Од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ информираат дека возилата биле отстранети во периодот од 5 до 11 октомври, бидејќи го попречувале нормалното и безбедното одвивање на сообраќајот.

Од претпријатието најавуваат дека акциите ќе продолжат секојдневно, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на свеста кај возачите за правилно паркирање.

Read Previous

Поради случајот со Ива Михајлова, МНР го повика бугарскиот амбасадор на разговор

Read Next

Во Скопје се одржа 15. Меѓународна работилница „Комуникација со иднината“