October 13, 2026

Поради случајот со Ива Михајлова, МНР го повика бугарскиот амбасадор на разговор

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска го повика бугарскиот амбасадор во земјата, Желјазко Радуков, во врска со случувањата поврзани со Ива Михајлова.

На средбата му било пренесено дека начинот на кој таа била пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација и ги подрива напорите за градење доверба и развој на добрососедските односи.

Воедно, како што информираат од МНР, било нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на државата и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот.

МНР најави дека ќе ги информира меѓународните институции, вклучително и Европската Унија и Советот на Европа.

Read Previous

На поранешниот вицепремиер Артан Груби му истече мерката куќен притвор

Read Next

135 возила се отстранети со „пајак“ во центарот на Скопје! Акциите против непрописното паркирање ќе продолжат