ноември 23, 2024

Прекин на огнот во украинската област Луганск за да можат да се евакуираат цивилите

Гувернерот на источната украинска област Луганск, Сергеј Гајдеј, денеска соопшти дека е постигнат договор за локален прекин на огнот. Договореното е со цел да се евакуира цивилното население од областа што се наоѓа во блокада поради воените дејствија.

Гајдеј преку „Телеграм“ објави дека прекинот на огнот ќе стапи на сила во девет часот по локално време.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Заради СДСМ и ДУИ граѓаните 5 години плаќаат поскапи горива

Read Next

Една третина од работничките во текстилната индустрија имаат здравствени проблеми