ноември 23, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Заради СДСМ и ДУИ граѓаните 5 години плаќаат поскапи горива

Заради СДСМ и ДУИ граѓаните 5 години плаќаат поскапи горива за 13.13 денари на литар, тоа се пари за буџетот и за матни тендери, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија тврдат дека од 2017 година до денес акцизата за горивата е зголемена за 13.13 денари, тоа се пари кои граѓаните ги плаќале повеќе на еден литар гориво не затоа што цената на горивата на светските берзи била висока, туку затоа што СДСМ и ДУИ така одлучиле, и на тој начин имале екстра приход за буџетот, за да имаат повеќе пари за тендери.

-И сега кога цената на горивата скокна на светските берзи, тие не се откажуваат од својата екстра заработувачка, и не го прифатија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50%.

Но не е само до растот на цените на горивата во изминатава година и половина цените на брашното, зејтинот, млекото и другите основни продукти се зголеми и за 70%.

Како резултат на нивната неспособност се покачи и цената на струјата за 30%, и милиони евра од буџетот завршија кај трговците со струја, кога истата рушеше рекорди на берзите.

И додека цените растат, платите и пензиите не се покачија воопшто.

СДСМ одби покачување на пензиите за 20%, како и покачување на платите. Тие носеа само привидни мерки без реален инпакт по стандардот на народот и трошоците на производство во индустријата и земјоделието, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Read Previous

Можно исклучување на Русија од Г20

Read Next

Прекин на огнот во украинската област Луганск за да можат да се евакуираат цивилите