Бугарија ја подржува европската перспектива на РС Македонија, но има одредени нешта, што треба претходно да бидат завршени. Ова во интервју за угледниот грчки дневен весник Катимерини го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков.
„Ние сме за европската перспектива на РС Македонија и Албанија. Но претходно, постојат одредени нешта, што треба да бидат завршени, како например правата на Бугарите во РС Македонија да бидат почитувани и истите да бидат гарантирани во рамките на Уставот,“ вели Петков за Катимерини, пренесуваат бугарските медиуми.
„Имаме патоказ и многу добра комуникација со Владата на РС Македонија и се надеваме на брз напредок“, додава Петков.
Извор: Трибуна