ноември 23, 2024

Зеленски го предложи Ерусалим како вистинското место за преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека преговорите на високо ниво меѓу Москва и Киев може да се одржат во Ерусалим.

Зеленски во видеообраќање до граѓаните ги пофали напорите на израелскиот премиер Нафтали Бенет да ја преземе улогата на посредник. Тој изјави дека Израел вложува многу напори за организирање мировни преговори меѓу Русија и Украина.

„Веруваме дека разговорите со Русија ќе започнат порано или подоцна, веројатно во Ерусалим. Тоа е вистинското место да се најде мир, ако е можно“, рече Зеленски.

Read Previous

Арсовска: Општините можат да останат без струја, ова се проблеми на граѓаните, не на општините, три месеци чекаме одговор од Владата

Read Next

Песков: Нема основа за директна средба на Путин и Зеленски