ноември 23, 2024

ЕУ разгледува нови санкиции – не се исклучува и нафтено ембарго кон Москва

Владите на државите-членки на ЕУ ќе ја разгледаат можноста за воведување ембарго на нафта кон Русија поради инвазијата врз Украина.

Европските лидери оваа седмица ќе се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден на серија средби посветени на западните санкции против Москва.

ЕУ веќе воведе серија рестриктивни мерки против Москва, вклучително и замрзнување на средствата на Руската централна банка.

„Работиме на петтиот пакет санкции и предложени се могу нови имиња“, изјави висок дипломат на ЕУ кој инсистирал на анонимност.

Како што е најавено, владите на ЕУ денеска ги почнуваат констулациите на ниво на министри за надворешни работи, пред Бајден да допатува во Брисел што е предвидено за в четврток, кога е закажан самит со сојузниците на НАТО, како и со членките на ЕУ во формат на Г-7 групата што ја вклучува и Јапонија.

Read Previous

Украина го игнорира крајниот рок на Москва за предавање во опколениот Мариупол

Read Next

Петков: Поддршка за европската перспектива на Северна Македонија, но прво решавање на правата на Бугарите и гаранции