ноември 23, 2024

Руски ракети го погодија подрачјето на аеродромот во Лaвив

Руски ракети денеска го погодија подрачјето на аеродромот во Лaвив, украинскиот град во близина на границата со Полска, соопшти градоначалникот, Андриј Садовиј, на Фејсбук.

Тој додаде дека во нападот не била директно погодена зградата на аеродромот.

Медиумите претходно објавија дека над аеродромот се гледаат облаци чад.

Руските сили во неделата бомбардираа воена база за обука во околината на Лaвив, град кој од почетокот на судирите беше поштеден од судири.

Read Previous

Петков за апсењето на Борисов: Никој не е над законот- во тек е проверка на европското Обвинителство

Read Next

Украинската амбасадорка во Скопје: По војната која ја почна Русија, ќе има радикални промени во светската политика