ноември 23, 2024

Петков за апсењето на Борисов: Никој не е над законот- во тек е проверка на европското Обвинителство

Бугарскиот премиер Кирил Петков соопшти дека бил испрашуван како сведок по големата акција на МВР во која што беа уапсени поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и неговите блиски соработници Владислав Горанов и Севдалина Арнаудова.

„Активностите на МВР вчера покажаа дека никој не е над законот во Бугарија. И самиот јас бев испрашан и го дадов својот исказ. Во моментот е во тек проверка на европското Обвинителство“, изјави Петков во видео обраќање по вчерашната акција на МВР.

Бугарскиот премиер го постави реторичкото прашање каде е бугарското Обвинителство и дали истото ќе застане на страната на бугарскиот народ.

„Мојата улога е да ја дадам целосната слобода на сите органи да дејствуваат согласно законот. Никој не треба да се плаши од вистината. Само без страв од недопирливите Бугарија навистина може да се промени“, изјави Петков.

Видео обраќањето на премиерот на Р. Бугарија Кирил Петков погледнете го овде.

Извор: Трибуна

Read Previous

Шолц: Да не се изедначуваат Русите и Путин, рускиот народ не донесе одлука да ја нападне Украина, оваа војна е на Путин

Read Next

Руски ракети го погодија подрачјето на аеродромот во Лaвив